20 Декември, 2025
0.0427

Во Македонија има две восочни фигури на Ванчо Михајлов, втората е во Штип

Објавено во: Македонија 20 Април, 2022 14:22

Добивај вести на Viber

Покрај првата во Музеј на Mакедонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим на ВМРО, фашистичкиот соработник Ванчо Михајлов има втора возочна фигура и во Музејот на Ново Село во Штип.

Музејот е отворен во 2014-та, а фигурата на Михајлов е една од 12-те личности какко најпознати родени во овој регион. Во Музејот на ВМРО за Штип и штипско (1893-1934) има восочни фигури на Јосиф Ковачев, Мише Развигоров, Тодор Александров, Иван Ванчо Михајлов, Панчо Михајлов, како и на Гоце Делчев и Даме Груев кои не биле штипјани, но учителствувале во Ново село и во Штип, пишува Вест.

- Не само тука туку и во целиот свет, во историјата има и позитивни и негативни личности, на пример, Адолф Хитлер, Бенито Мусолини, и тие се изложени во светските музеи. Мислам дека идејата на авторите на оваа поставка била таа – не да се суди, туку како личност, ќе повторам, која е родена овде, во Ново Село и последен лидер на историското ВМРО, вели Емилија Коруновска, советник – историчар во Заводот и музеј – Штип. 

Денеска се огласи и поранешниот премиер Никола Груевски, кој напиша дела поставките во еден таков музеј не претендираат да ја толкуваат историја. 

„Тоа евентуално може да го прави кустосот кој дава информации поврзани со поставките во музејот. Да, дури и музејот на восочни фигури Мадам Тисо во Лондон или Хонг Конг не ги рехабилитира Хитлер и Мусолини, или пак Сталин во истиот музеј во Прага, само затоа што беа поставени таму. Неможе да се прикаже историјата во историски но и во други типови музеи само со селективен избор на настани и ликови“, напиша Груевски на Фејсбук.

Изминативе денови главна тема  во јавноста е отворањето на Клубот Ванчо Михајлов во Битола. На чинот на отворањето присуствуваше голема бугарска делегација, предводена од бугарскиот премиер Кирил Петков.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки