Во Македонија корупција има во градежништвото и во трговијата
Објавено во: Економија 02 Јули, 2013 14:09
Вработените во приватниот сектор во Македонија најчесто се жалат на корупција во областа на градежништвото и во трговијата, покажало истражувањето спроведено од агенцијата „Рејтинг“ во сработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупција.
Најголем дел од испитаниците на прашањето „дали е зголемено или намалена корупцијата“, одговориле дека релативно бавно се менуваат работите на ова поле.
„Според истражувањето како најчеста форма на корупција или неетичко однесување се користат политичките или бизнис врските за добивање државни тендери или бизнис од страна на државата“ изјави Никола Спасов од „Рејтинг“ пред одржувањето на јавната дебата за резултатите од истражувањето за тоа како граѓаните гледаат на корупцијата во приватниот сектор и квалитативната анализа за превентивните мерки.
Шефот на Одделот човекова димензија во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Маркус Ролофс рече дека ОБСЕ гледа на корупцијата како нешто што ја загрозува стабилноста, безбедноста и развојот.
„ОБСЕ гледа на корупцијата како нешто што ја загрозува стабилноста, безбедноста и развојот. Затоа, во соработка со Државната комисија за спречување на корупција, се фокусираме на мерките за решавање на овој проблем во избраните области, со цел да се придонесе за поефикасна анти-корупциска политика во земјата,“ рече Маркус Ролофс, Шефот на Одделот човекова димензија во Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Претседателот на ДКСК, Ѓорѓи Сламков, додаде: "Резултатите од овие анализи претставуваат дополнителна мерка за поддршка на активностите утврдени во делот на приватниот сектор на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2011-2015, како и можност да се дефинираат идните активности за спречување на корупцијата во оваа област.
Можеби ќе ве интересира
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега




