05 Декември, 2025
0.0309

Во Македонија на над 1.000 хектари ќе се засадат пет милиони шумски садници

Објавено во: Агробизнис 11 Август, 2013 21:00

Добивај вести на Viber

Во есенската акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, Јавното претпријатие Македонски шуми ќе пошуми над 1.000 хектари и ќе се засадат од четири до пет милиони шумски садници.

Пошумување  со шумските садници ќе стартува  на почетокот на  октомври и ќе трае до моментот кога ќе има поволни климатски услови, најави денеска директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски

Првенствено ќе се сади на опожарените површини, голините во шума и вон шума, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини, свлечишта и локации покрај природните и вештачките езера.

Во Скопје ќе бидат засадени повеќе видови листопадни и иглолисни дрвја, додека, пак Охрид и Дојран ќе добијат 200 палми. Во Дојран, како и на средишниот дел од делницата на автопатот Богородица – Смоквица ќе се садат леандри, додека 10.000 аризонски чемпреси ќе има на средишниот дел на автопатот Скопје – Куманово.

„38 930  садници броја на листопадни и иглолисни видови се наменети за надвор од Скопје, а 60 350 садници  се наменети за Скопје, заедно со општините . И само да напоменам, ако  досега во Скопје се пошумиле и посадиле во овие зелени површини  за 4 годишен период 40 илјади садници според изјавата на град Скопје, значи ние само за есенското пошумување нудиме 60 илјади садници“ Караџоски.

Караџоски посочи дека во досегашните акции за пошумување просечната успешност изнесува околу 61процент, а најголема е регистрирана во 2009 и 2010 година кога достигнала до 70 проценти.

Од Македонски шуми ги повикуваат  општините и граѓаните, годинава  помасовно  да се вклучат во акцијата  за пошумување.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?