Во Македонија шампиони во мобинг се осигурителни и лизинг компании, па банките!
Објавено во: Економија 22 Ноември, 2012 08:04
Како надеж дека состојбата може да се смени на подобро е предлог Законот за спречување на мобинг кој чека на усвојување од Владата и кој треба да обезбеди правна подлога за решавање на проблемите.
Осигурителните компании поризични од банките
Најмногу мобинг има таму каде работните односи не се регулирани со колективни договори. Кај банките не е толку лоша состојбата оти вработените се организирани во синдикални организации, но загрижувачка е состојбата во осигурителните и лизинг компаниите.
„Самиот пазар и на осигурување и на лизинг не е толку развиен, а во таква ситуација нема доволно дефинирани правила на игра. Таму каде што институциите имаат подолга подлога на делување и самите вработени се свесни за своите права, релативно новите немаат стекнати права и таму допрва работниците треба да се изборат за некои права кои во други институции се нормални“, додава Трајковски.
Во Канцеларијата за антимобинг засега нема пријавени случаи за политички мобинг иако тоа не значи дека такви случаи не постојат, особено ако се земат предвид спроведените истражувања, кои покажуваат дека мобингот е најчест во образовните институции, или почест е во државниот отколку во приватниот сектор.
Најмногу жртви на мобинг има во српските финансиски институции
Состојбата со мобингот во финансиските институции е најалармантна во Србија и затоа тие први во регионот донесоа Закон за заштита од мобинг, објаснува Трајковски. Тој вели дека најмногу средени работни односи има во Хрватска, главно затоа што дури 99% од финансиските институции имаат странски газди. Трајковски тврди дека делумно позитивно влијание имаат странските инвеститори иако се уште не било докажано дали банкарските службеници имаат исти права во Македонија или Франција на пример.
И во светски рамки банките се посочени како примери на чест мобинг и делење откази, особено бидејќи се посочувани како најголеми виновници за светската економска криза. Банкарските синдикати во многу земји веќе побараа преоптоварувањето со работа и стресовите да бидат признати од надлежните служби како болест предизвикана од условите за работа.
Соња Ј.Наумовска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





