Во малото Теарце ќе се решава судбината на Македонија
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2016 09:10
Бидејќи Управен суд на Македонија одлучи дека на 11 декември кога се одржаа вонредните парламентарни избори сериозни неправилности имало само во изборното место 2010, општина Теарце-Државнта изборна комисија со симулација дојде до заклучок дека 714 запишани избирачи на тоа изборно место би можеле да го променат распоредот во бројот на мандати во Собранието на РМ-па тие повторно ќе бидат повикани на гласање.
Управниот суд ги разгледуваше жалбите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и по една жалба прифати на секоја од двете партии-повтореното гласање во Теарце е резутат на таа одлука.
ВМРО ДПМНЕ на оваа одлука соопшти дека ќе се држи до одлуката на својот Извршен комитет и на повторените избори нема да учествува. Општина Теарце се наоѓа во северозападниот дел, а според пописот од 2002 целата општина имала 22 545 жители, а 84,8 отсто биле Албанци.
ВМРО ДПМНЕ на 11 декември на изборното место 2011 од излезени 404 избирачи доби поединечно најмногу или 91 глас, зад нив следи СДСМ со 87 гласови, БЕСА со 65, ДПА со 64, ДУИ со 25, Алтернатива за Албанците со 25, а по еден глас добиле ВМРО за Македонија и Третиот блок.
Теарце се наоѓа во шестата изборна единици на која и припаѓаат и Тетово и Гостивар. Во таа изборна единица на изборите најмногу, шест пратенички места освои ДУИ до 40 599 гласа, четири пратеничли места освои ВМРО-ДПМНЕ со 26 135 гласови, а по три пратеници освоија СДСМ и БЕСА со вкупно 25 828 односно 25 054 гласа. По два пратеника освоија ДПА и Алтернатива за Албанците со 17 970 односно 16 225 гласа.
Ако се води борбата помеѓу ВМРО ДПМНЕ која на изборите според првичните резултати, освои вкупно 51 мандат, и СДСМ која освои 49, би се водела околу 307 гласа разлика од првиот круг.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




