„ВО МЕЃУВРЕМЕ, ПОМАЛКУ ПЕЧУРКИ...“: ВМРО-ДПМНЕ велат дека имаат паника од „забеганоста и непресметливоста“ на раководството на СДСМ
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2025 13:04
Единствена паника која ја има ВМРО-ДПМНЕ во моментов е поради очигледната непресметливост и забеганост на раководството на СДСМ кое одобрува вакви соопштенија во кои се гледа дека не само што не ја сфатиле пораката на народот и на своите членови, туку живеат во паралелен универзум на халуцинации“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Навистина жално. Каков крај. Ги повикуваме граѓаните да го видат ова лице на СДСМ кое не само што не ја разбира пораката од изборите туку и ја потценува и навредува. Затоа треба да се казнат во вториот круг, и потоа ако продолжат со халуцинациите ќе мора да бидат отрезнети со реалноста која нема да им биде пријатна“, стои во реакцијата на владејачката партија.
Од партијата велат дека опозицијата треба да се фокусира на реалноста.
„И потсетуваме на вчерашната изјава на премиерот Мицкоски, ако се толку сигурни во тоа дека со намалување на бројот на советници, и гласови и паѓање на најниското историско ниво на таа партија а на чекор пред тотален распад кој вака ако продолжат е неминовен, сепак нека се охрабрат и нека поднесат барање за предвремени избори во парламентот, и ќе видиме каков епилог ќе има тоа. Во меѓувреме помалку печурки, повеќе фокус на реалноста и на вистинските пораки од народот. И да се надеваме дека ќе ви помине“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





