20 Декември, 2025
0.0493

ВО МОМЕНТОВ НЕМАМЕ ИНДИКАЦИИ ЗА ВЛОШУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА ВО ЗЕМЈАВА - Спасовски вели дека токму сега можеме да видиме колку ни значи НАТО

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2022 13:55

Добивај вести на Viber

Во моментов немаме индикации за влошување на безбедноста. Генерално, безбедноста претставува сериозен предизвик поради случувањата со инвазијата на Русија врз Украина. Нашите безбедносни служби работат во полн капацитет во однос на заштитата на територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во изјава за медиумите, министерот Спасовски рече дека членството во НАТО практично ни гарантира безбедност.

– Значењето на тоа членство во НАТО можеме да го увидиме сега, во моменти кога имаме еден ваков сериозен конфликт. Така што сите случувања на тој план треба да нè држат будни, како безбедносни служби, инаку овде немаме индикации за нарушување и во однос на мигрантите ние немаме практично зголемување на бројот на илегалните обиди во споредба со истиот период од минатата година, рече тој.

Спасовски дополни дека имаме намалување на бројот на илегални мигранти, но состојбата околу мигрантската криза се следи постојано и врз основа на параметрите соодветно се реагира.

Одговарајќи на новинарско прашање дали знае кога ќе биде потпишан договорот со ФРОНТЕКС, тој одговори дека очекува тоа да се случи следниот месец.

 Јас очекувам можеби следниот месец. Дека ќе се завршат сите формални постапки во рамките на Европската Унија и ќе можеме да го потпишеме, секако дека тоа ќе биде прв договор на ниво ЕУ – Северна Македонија, кој што ќе биде потпишан некаде кон крајот на октомври, рече министерот Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки