05 Декември, 2025
0.2298

ВО НЕДОСТИГ НА СУРОВИНИ: ќе растат цените на ајварoт, лутеницата, слаткото!

Објавено во: Агробизнис 08 Октомври, 2014 09:33

Добивај вести на Viber

Недосигот од суровини во конзервната индустрија мможно е да придонесат за наргорни корекции на малопродажните цени на преработките од зеленчук и овошје. Од преработувачката иднустрија велат дека во моментов работат со загуби, со зголемени трошоци и ниски малопродажни цени на готовите производи. За да ги покријат загубите и трошоците ќе бидат принудени да ги зголемат продажните цени. - Вообичаено договорите за продажба ги потпишуваме пред сезона. Во тие договори се вкалкулирани  сите ситуации што би можеле да влијаат врз цената на крајниот прозвод, како што е сега недостигот на суровина, се прават пресметки врз основа на најниската и максимално највисокта цена на суровината. Можно е да има поскапување на преработките од зеленчук, како што е ајварот, лутеницата и другите производи, и ние ќе бидеме принудени тоа да го направиме, оти со години цените на преработките се непроменети и не одговараат на производните трошоци, на производната цени. Ние со тие цени работиме нерентабилно, а сега со недостигот од суровини работиме со загуба. Последниве години сме уценети и од трговците од кои ја откупуваме суровината, кои не уценуваат со цените, од друга стран тука е конкуренцијата од странство, вели Трајче Карадаковски, сопственик на компанија “Вентина”. Владата на седница ќе одлучува за бесцарински увоз на црвена пиперка Годинава поради лошите временски услови со недостиг од главната суровина, црвената пиперка, се соочија не само домашните преаботувачи туку и компаниите од соседството. На домашен терен дождовите го уништија дел од родот и приносите се намалени за околу 30 отсто. Дополнително поплавите во регионот Србија, Хрватска, Бугарија, ги натера странските трговци во потрага по суровина да купуваат на големо црвена пиперка од Македонија. Па така, откако странскитетрговци нудејќи повисоки цени само да ја снабдат сопствената индустрија со суровина откупија голем дел од црвената пиперка, македонските бизнисмени останаа без суровина. Домашните преработувачи голем дел од договорите со странските партнери веќе ги откажаа бидејќи поради недостиг на суровина не можат да ги исполнат извозните квоти. - Ние сме уценети и од земјоделците и од откупувачите. Годинава поради недостигот на црвена пиперка во регинот, странските трговци дојдоа тука , понудија повисоки цени и земаа големи количини. Увозот е слободен, стихиен. Но нашиот земјоделец очигледно не размислува дека тоа се случило годинава, но можеби странските трговци следната години нема да дојдат повторно, а ние сме тука. Во нормални сезони се откупува пиперка до 15 откомври, сега ја снема уште на почетокот на септември. За ова да не ни се случи повторно државата треба да реагира и да донесе решение за ограничување на увозот. На пример од 15-ти септември до 15 –ти октомври да не се извезува црвена пиперка во вреќи, вели  Карадаковски. Последците од годинешната состојба ќе бидат долгорочни, укажуваат агробизнисмените. Тие велат дека Европа не признава несериозност во бизнис зделките, а годинава домашните комапнии поради недостигот на суровина ќе си го нарушат извозот и прашање е дали следната година странските партнери ќе сакаат повторно да склучат договори со македонските агробизнисмени. - Најголем недостиг имаме од црвена пиперка, од другиот зеленчук ина недостиг не толку многу. Оваа состојба ќе има далекусежни удари врз комапниите, оти Македонија е еден од главните извозници на европските пазари, и сега со тоа што дел од нарачките ги откажавме ќе се покажеми како несериозни пред странските партнери.Ние со нив имаме склучени цврсти и сериозни договори, кои ако не се исполнат се плаќаат пенали. Оваа состојба мора ја спречиме да не ни се случува во иднина. Македонија не може веќе да биде суровинска земја за репроматеријали и кој како сака да дојде да плаќа без сметки, без трансакциски и без евиденции, да си земе тоа што му треба. Со шлепри на големо се носеше пиперката, се откупуваше на диво ,се плаќаше во готово и се дојде до оваа состојба.Државата во иднина мора да превземе мерки, вели Дарко Нашков, сопственик на компанијата “Ларс”. Преработувачите веќе доставија барање до ресорните министерства за дозвола за итен бесцарински увоз на црвена пиперка. Според проценките околу 50 проценти од потребите за суровина треба да се увезат. Агробизнисмените укажуваат дека увозот треба да биде што побрзо оти роковите газат. - Сега бараме Владата да дозволи бесцарински увоз, од земјите кои имаат црвена пиперка. На пример од Турција таа е голем производител на пиперка, но може да има и во северна Африка, Мароко, Тунис. На тој начин ќе можеме да ги санираме загубите и колку толку да исполниме дел од нарачките со странство.  Состојбата е алармантна, загубите ни се големи.Ние сме во подредена состојба. - Увозната царина за пиперката е околу 50 проценти, додека фабриките од опкружувањето од Србија, Бугарија и Хрватска, тие доаѓаат и од Македонија ја земаат пиперката без никакви царини Ова ќе зададе силен удар врз нашите фабрики кои се извозно ориентирани, вели Нашков. Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека на седница на Влада ќе се разгледува барањето на преработувачите. Бев информиран од министерот за земјоделство за тоа барање и во следните денови ќе биде разгледано од владините комисии и ставено на седница на Влада па тогаш ќе завземе став Владата, изјави министерот за финансии Ставрески. Зошто не се почитува договорното производство? Договорното производство е решение за сигурен пласман на земјоделците но и сигурна суровина за преработувачката индустрија. Години наназад и покрај многу трибини одржани меѓу земјоделците и бизнисмени со посредството на министерите за земјоделство, договорното производство никако да профункционира. - Договорното производство е решение, но земјоделците не ги почитуваат договорите. Некој трговец ќе дојде ќе им понуди 2 денари повеќе и толку , забораваат на тоа што сме се договориле. А инаку кога би се почитувале договорите, тогаш ние би имале доволно суровина толку колку што сме се договориле , а и земјоделците ќе имаат загарантиран пласман. Ние годинава имавме склучено договори со некои земјоделци, но тоа не беше доволно,  вели  Карадаковски. Земјоделците велат дека непочитување на договорите има и од страна на фабриките. Според нив бесцаринскиот  увоз на црвена пиперка нема да го реши проблемот со недостаток на суровини за конзервно преработувачката индустрија. Од Сојузот на синдикати на земјоделски производители од Струмица, велат дека преработувачите и производителите треба да најдат модел за цврсто договорено производство, односно да се склучуваат договори во кои ќе биде предвидено плаќање пенали доколку некој од двете страни не ги испочитува условите од договорите. Тие исто така предлагаат  Владата да воведе  субвенции,  втори култури, односно за суровини потребни за преработувачктие капцитети. Со години укажуваме дека преработувачите треба да седнат на заедничка маса со градинарите и да преговараат бидејќи токму тоа што нив им треба ние го имаме. На владата и порачуваме да воведе субвенционирање на втора култура бидејќи тоа е тоа што им треба на преработувачите. Треба да се напарават цврсти договори со кои ќе биде предвидено дека секое непочитување на договореното од едната или од другата страна, ќе значи дека ќе треба да плаќаат пенали и едните и другите. Договорното и организираното производство ни одговара нас поради тоа што ќе бидеме сигурни дека ќе имаме пласман за родот, а и на индустријата и одговара оти ќе знаат дека ќе имаат доволно суровина, вели Ристо Велков, претседател на Синдикатот на земјоделци во струмичкиот регион. Преработувачката индустрија е извозно ориентирана гранка од која годишно во буџетот се инкасираат над 40 милиони евра. Агробизнисмените велат дека оваа година поради откажувањето на договорите со странските партнери, девизниот прилив значително ќе се намали, а последиците ќе се чувствуваат и следната година, со намалени нарачки од странство. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?