18 Декември, 2025
0.0473

Во некои општини „врие“ од дивоградби, во други нема ни за лек

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2018 06:45

Добивај вести на Viber

Опаѓа бројот на дивоградби во земјава, при што повеќето од нив се концентрирани во големите градови. Скопје е број еден, а обратна е ситуацијата во малите градови и рурални средини.

Лани на територијата на Република  Македонија се регистрирани 762 дивоградби, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во дел од помалите општини  како Вевчани, Богданци, Зрновци, Македонски Брод, Старо Нагоричане, и други, воопшто немало дивоградби.

„Кај нас многу малку се гради последниве години. Ретко се бара одобрение за куќа, стан, туку повеќе се за доградби. Имаме нешто и за лесна индустрија. Годишно издаваме по неколку одобренија за градба“, вели Соња Маџирова од секторот за урбанизам во Општина Богданци.

Слично е и во Општината Вевчани, од каде велат дека изминативе години сосе доградби се издавани максимум до 10 одобренија на годишно ниво.

„Се гради послабо на територија на нашата општина, и со документи, со одобренија. Годишно има 2-3 одобренија, или сосе доградби ако се смета таа бројка е 5 до 6. Одобренија најчесто се бараат за индивидуални објекти“, вели Наталија Калајџиевска Лаворовска од секторот за урбанизам во Општина Вевчани.

На листата на градови според бројот на дивоградби, води Скопје со 157 објекти. Во Берово имало само 7, во Битола 21, Боговиње 6, Босилово, Свети Николе и Радовиш по 10, Брвеница 6, исто толку и во Василево, Велес 36, Виница 13, Врапчиште 5, Гевгелија и Ресен по 15, Гостивар 9, Дебар 5, Делчево 6, Демир Хисар 4, Дојран 6, Долнени 8, 1 во Росоман, Сопиште и во Желино, 3 во Илинден, 21 во Кавадарци, 35 во Кичево, 19 во Кочани.

Најголем број од дивоградбите или 99.5 % од нив се во приватна сопственост.

Во Крива Паланка се евидентирани 11 дивоградби, Куманово 44, Липково 18, Лозово 1, Маврово - Ростуша 8, Македонска Каменица, Пробиштип  и Неготино по 4. Охрид лани имал 68 дивоградби, Прилеп 7, Струга 22, Струмица 53, Тетово 18, Чашка 2, Чешиново - Облешево 8, Штип 55.

Бесправно се изградени 138 објекти за домување (18.1 %), 122 доградби, надградби и  адаптации (16.0 %), 78 деловни објекти (10.2 %), 53 гаражи (7.0 %), 128 огради (16.8 %), 10 скалила (1.3 %), 15 тераси (2.0 %), 24 летни тераси (3.1 %), 65 настрешници (8.5 %), 34 времени објекти (4.5 %) и 95 помошни објекти (12.5 %).

Сепак, во однос на претходната 2016 година бројот на дивоградби е намален затоа што тогаш имало 1 037 бесправно изградени објекти.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје