05 Декември, 2025
0.0533

Во обид да го штити производството, Владата задоцни со помошта за индустријата?

Објавено во: Агробизнис 13 Ноември, 2014 10:26

Добивај вести на Viber

Владината мерка за бесцарински увоз на црвена пиперка во овој период е задоцнета, велат агробизнисмените од конзервната индустрија. Според нив оваа мерка е секогаш добредојдена но доколку се дозволеше од 15-ти минатиот месец. Агробизнисмените велат дека сега цената на пиперката на светските берзи е висока, и доколку увезат ќе произведат неконкуренетен производ. -Генерално е задоцнета мерка, пиперка за увоз има но цената е висока а тука се и транспортните трошоци. На пример ако увеземе ов Јужна Америка тогаш ќе платиме многу за траспорт и кога тоа ќе се вкалкулира во производната цена ќе добиеме неконкурентен производ. Оваа суровина има гранична вредност, односно ако цената е максимум до 40 евроценти е добро, но се што е над оваа цена е неисплатливо, а сега токму цената е над овие 40 евроценти. Сега ако се увезува може само да биде исплатливо за свежа употреба за преработки не, затоа што ќе ја зголеми цената на крајниот производ а со висока цена тешко ќе се продаде, вели Виктор Петков, сопственик на компанијата “Випро”. Агробизнисмените сметаа дека вкава мерка Владата треба да воведува секоја година, но таа да почнува 15 –ти Октомври и да трае до почетокот на ноември. Мерката во овој период не може во целост да се искористи. Според информациите на преработувачите, последно кога имало ваква мерка за 10 отсто од дозволениот увоз бил искористен. -Мерката е добра, но да беше порано, сега нема суровина и таа што ја има е скапа. Со скапа суровина неизбежно е зголемување на цената на готовиот производ. Некои велат дека може да се увезе нешто од Шпанија, турција отпаѓа како опција бидејќи таму сурвината е скапа. Затоа сметам дека оваа мерка треба да се воведува секоја година но порано. Сега ние не ги исполнивме во целост ниту производните ниту извозните квоти, а со тоа лоша порака праќаме до странските партнери, вели Трајче Карадаковски сопственик на компанијата “Вентина”. Од конзервно-преработувачката индустрија веќе изјавија дека дел од нарачките од странските увозници,  ги откажале. Последците од годинешната состојба ќе бидат долгорочни, укажуваат агробизнисмените. Тие велат дека Европа не признава несериозност во бизнис зделките, а годинава домашните комапнии поради недостигот на суровина ќе си го нарушат извозот и прашање е дали следната година странските партнери ќе сакаат повторно да склучат договори со македонските агробизнисмени. -Договорите не ги исполнивме во целост, особено во делот на индустрискиот ајвар. Нашите партнери сега истиот производ ќе го бараат од земјите од регионот, и не е исклучена можноста и догодина овие наши партнери да не сакаат договори со нас заради годинешната состојба, и да склучуваат со нашите конкуренти од регионот, вели Петков. По едномесечна анализа Владата дозволи бесцарински увоз Владата вчера донесе одлука за бесцарински увоз на 2.000 тони пиперка за да се задоволат потребите на преработувачите.Еден месец Владата го анализираше пазарот пред да ги прифати барaњата за укинување на давачките за увоз на индустриски пипер -Увозните давачки за индустриската пиперка се укинуваат до крајот на годината за околу 2.000 тони, од кои еден увозник може да внесе најмногу 25% односно до 500 тони. Оваа одлука е донесена како резултат на консултација со земјоделските индустриски производители кои имаат потреба од овие производи во своето производство, и со домашните производители на овие производи, со цел да се донесе одлука која ќе биде во корист и на двете категории на земјоделски стопанства, односно да се придонесе и за земјоделските индустриски производители да се задоволат нивните потреби, но истовремено да не се наштети на производството и пласманот на овие производи кои се произведуваат од домашни производители, изјави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев. Од Асоцијацијата на преработувачи на овошје и зеленчук велат дека дел од фирмите имаат надеж дека ќе успејат да најдат суровина. -Ќе беше подобро порано да се донсеше мерката, но фирмите имаат надеж дека ќе успејат да најдат суровина за увоз. Сега треба да се направат списоци на фирмите кои ќе сакаат да увезат и потребните количини, вели Сашо Ристески,претседател на Асоцијацијата на преработувачи на овошје и зеленчук. Се намали царината за доматно пире Паралелно со мерката за бесцарински увоз на црвена пиперка, Влада донесе одлука за намалување на увозната царина за доматно пире за потребите на преработувачката индустрија, од 50% на 25%. Царинската стапка за увоз на доматно пире ќе биде намалена до 30.06.2015 година. Увозот е ограничен на 500 тони, а еден увозник ќе може да увезе најмногу 125 тони. -Оваа мерка е добередојдена и е донесена во вистински момент, бидејќи токму овој период ни е потребно доматното пире. Вакво намалување се случува прв пат и тоа е добро, јас сум за слободна трговија , секако ние кога би имало доволно нормално дека ќе го откупуваме домашното производство, но нема да бидеме уценети од примарните производители кои сега драстично ја зголемија цената на пример на црвената пиперка. Доматно пире може да го увеземе од Италија, Турција или Кина, вели Петков. Можно е зголемување на цените на ајварот и другите производи од црвена пиперка Недосtигот од суровини во конзервната индустрија можно е да придонесат за нагорни корекции на малопродажните цени на преработките од зеленчук и овошје. Од преработувачката иднустрија велат дека во моментов работат со загуби, со зголемени трошоци и ниски малопродажни цени на готовите производи. За да ги покријат загубите и трошоците ќе бидат принудени да ги зголемат продажните цени за 10 до 20 отсто. Преработувачката индустрија е извозно ориентирана гранка од која годишно во буџетот се инкасираат околу50 милиони евра. Агробизнисмените велат дека оваа година поради откажувањето на договорите со странските партнери, девизниот прилив значително ќе се намали, а последиците ќе се чувствуваат и следната година, со намалени нарачки од странство. Лошите временски услови, неорганизираното земјоделско производство, продажбата на зеленчук и овошје на црно по пазарите на големо –ги остави конзервните фабрики без доволно суровина. Основната суровина на капацитетите за преработка на зеленчук е црвената пиперка. Годинава поради лошите временски услови родот на црвената пиперка е намален за околу 30 отсто. Дополнително, со истиот проблем поради поплавите се соочија и земјите од регионот, кои дојдоа по суровина во земјава, нудејќи повисоки откупни цени земаа голем дел од суровината. Преработувачката индустрија се соочува и со хроничен проблем – неорганизирано производство и непочитување на договореното производство. И двете страни меѓусебно се обвинуваат за непочитување или несклучување на договори Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?