„ВО ОДРЕДЕНИ ЗАТВОРИ, ТЕЛЕФОН НЕМА САМО ОНОЈ КОЈ НЕ САКА ДА ИМА“: Пандов за корупцијата 'поразителни бројки'
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2025 14:39
Верувам дека оваа година е намалена системската корупција во голема мера, дали е уништена – не, но верувам дека од година во година бројките и оние скалила кои што нè мерат, верувам дека Македонија само ќе напредува, рече в.д. директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов во одговор на новинарско прашање поврзано со системската корупција во затворите ширум земјава.
По денешната Меѓународна научна конференција во организација на Факултетот за безбедност - Скопје, Пандов посочи дека откако е на чело на Управата за извршување санкции имал бројни средби со обвинители и судии и дека точно е дека таму постои корупција, меѓутоа, нагласи, дека од нив огромен процент ја сакаат работата и не сакаат државата да е на ова ниво со корупција.
- Од она што го видов овие година дена во затворите можам да кажам дека буквално имало системска корупција … Овие година дена имав можност да се сретнам со голем број обвинители и судии и точно е дека таму постои корупција, меѓутоа, точно е и дека таму постои огромен процент на луѓе кои ја сакаат работата и не сакаат да сме на ова ниво со корупција. Не може една институција да ја уништи системската корупција - посочи Пандов.
Укажа дека во одредени затвори бројките на затвореници кои имаат мобилни телефони се поразителни, односно како што рече „нема телефон само оној којшто не сака да има телефон“.
- Во одредени затвори бројките се поразителни за мене, за тоа колку мобилни телефони имаат затворениците.
Јас од позиција на в.д. директор на Управата за извршување санкции можам да правам контроли, меѓутоа борбата против корупцијата во самите затвори е на директорите на затворите и на затворската управа.
Можам да посочам одреден број затвори каде што со кого сакате да викнеме да ги направат претресите јас ве уверувам дека нема да најдеме ниту еден или еден-два телефони и точно е дека во одредени затвори нема телефон само оној којшто не сака да има телефон - објасни Пандов.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето




