05 Декември, 2025
0.1050

Во Охрид ќе никне откупен центар за овошје

Објавено во: Агробизнис 06 Август, 2013 14:37

Добивај вести на Viber

Изградба на откупен центар за овошје во Охрид најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски по средбата со градоначалникот Никола Бакрачески.

- Изградбата на овој откупен ценар би била иницијатор за забрзување на развојот на овоштарството во охридскиот регион, посебно за  охридската цреша што е карактеристична за ова поднебје, рече Димоски, изразувајќи задоволство од степенот на соработката со охридската локална самоуправа.

Како локација за изградба на откупниот центар и ладилник за овошјето е посочено селото Лакочереј. Веќе се подготвува планска документација за пренамена  на земјиштето од страна на Секторот за урбанизам и просторно планирање во општината. Врз основа на документацијата, ќе следат постапки за договарање со странски инвеститор.

- Во изминатиов период имавме голем број инвеститори заинтересирани за изградба на ваков откупен центар со што ќе се остварат и нашите ветувања кон граѓаните кои живеат во овој дел, а секако и останатите земјоделци ќе бидат стимулирани да го развиваат производството посебно на познатата охридска цреша и останатите култури, пред се овошјето. Нема да го развиваат само својот бизнис, туку ќе оставруваат нови вработувања, токму она што е и наша круцијална цел, истакна по средбата градоначалникот Бакрачески.

За подобрување на состојбите неодамна беше отворена канцеларија при Секторот за туризам и локален економски развој чии активности имаат за цел да се поттикне развојот на земјоделството и да се обезбеди стручна помош за производителите преку навремено детектирање на проблемите и утврдување начини за нивно брзо решавање.

Градоначалникот Бакрачески најави повеќе мерки за развој на земјоделството во Охридско и привлекување инвестиции.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?