Во Охридско Езеро запливаа нови 100.000 пастрмки
Објавено во: Агробизнис 31 Август, 2013 15:06
Во водите на Охридското езеро денеска беа пуштени oколу 100.000 парчиња ендемски вид пастрмка.
На порибувањето присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски.
“Станува збор за редовни активности на министерството со кои државата е задолжена за порибување на рибиловните води“, изјави министерот Димовски.
Тој понатаму додаде.
„Обврска на концесионерот е да се грижи за езерото, рибниот фонд и за бројноста и староста на рибата. Државата има обврска во соработка со овластените институции по пат на вештачки мрест да изврши порибување на македонската страна од езерото“, рече тој.
Новитет е тоа што и Албанија ќе почне да го порибува езерото.
„Комуникацијата е интензивирана, соработката е поставена на плодна основа. Очекуваме со инетензивни средби помеѓу албанска и македонска страна да се договориме за заедничко координирано дејствување околу порибувањето на езерото,“ изјави министерот за земјоделство Љупчо Димовски.
Според информациите на надлежните, рибокрадството во Охридското езеро е значително намалено.Чуварската служба на концесионерот „Пастрмка 2012 “ со 24 часовениот надзор ја постигна целта.Во оваа насока е и собраната икра при вештачкиот мрест која достигна до два милиони.
„Секој нареден вештачки мрест, ќе одиме на тоа да се собере што е можно повеќе икра со која ќе се порибува езерото. И се надеваме дека во наредните години со ваква физичка затита ќе го возобновиме и рибниот фонд во Охридското езеро,“ изјави концесионерот Ристе Танасоски.
Од 2006 година до денеска Охридското езеро е порибено со 14 милиони рибни единки, што државата ја чинеле 35 милиони денари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





