Во опција се сите мерки, па и целосно затворање на државата, вели Караџовски
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Октомври, 2020
Првиот човек на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски во емисијата Трилинг на 24 вести објаснува дека размислуваат за сите мерки вклучувајќи локално, регионално па дури и целосно затворање на државата.
„Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија – вели претседателот на Комисијата.
Тој за Трилинг открива дека лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст помеѓу 20-40 години и дека тие се оние кои го шират вирусот.
„Македонија е на врвот на епидемијата. Македонскиот здравствен систем не е димензиониран да ни се шират повеќе епидемии во исто време, ниту може да одговориме на тоа, вели претседателот на Комисијата за заразни болести.Во регионот се враќаат рестрикциите, а во Европа и карантинот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.