Во оваа европска земја го бојкотираат Црниот петок
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2017
Во светот се одбележува Црниот петок, денот на големи попусти, што наиде на негодување кај движење кое што се противи на конзумеризмот и ги повика Французите да не се вклучуваат во светската шопинг треска.
Асоцијацијата наречена „Zero Waste France“, собра потписи на илјадници претприемачи и компании низ целата држава кои се залагаат за бојкот на Црн петок преку онлајн-петиција наречена „Исклучи ме од Црниот петок“.
Кон протестот се приклучи и компанијата за продажба на мебел Камиф.
„Црниот петок не е дел од француската култура“ - вели Фредерик Емери, шеф на продажбата на компанијата.
Тие ја затворија својата веб-страница на 24 часа против „увезениот“ ден за купување од САД.
Во многу земји има попусти, па дури и до 90%.