18 Декември, 2025
0.0781

Во Париз наскоро ќе се вози со 30 км/ч

Објавено во: Свет 20 Мај, 2014 18:06

Добивај вести на Viber

Предлогот да се вози со 30кч/час во најголемиот број од улици во Париз се наоѓаше во програмата на новата градоначалничка Ан Идалго. Програмата за борба против загаденоста на возухот усвоена од Советот на Париз оди во насока на ограничување на брзината на 30км/час. Мерката, всушност ја проширува постоечката одредба за ограничување на бризната на 30 км/час, која е во сила за една третина од париските улици. Но донесената програма засега не прецизира кога таа ќе биде спроведена, ниту планот на улиците кои ќе бидат опфатени со неа. Јасно е дека булеаврите и главните градски артерии ќе го избегнат ограничувањето на 30 км/час.  Според Ерпариз, мрежата која го следи кваилитетот на воздухот во парискиот регион, денес е тешко да се процени колку тоа ќе се одрази на квалитетот на возухот во Париз. Односно со намалувањето на дозволената брзина од 80 на 70км/час на обиколниот пат околу Париз на 10 јануари 2014, тоа не го ограничи загадувањето. Извршната власт на Париз, преку помошникот градоначалник задолжен за транспортот Кристоф Најдовски (Зелени Европа Екологија), објаснува дека оваа програма опфаќа и други мерки. Како идејата  за ограничување на движењето на  автомобилите кои загадуваат многу, систематско воведување на алтернативно движење на автомобилите според парни или непарни броеви на регистарските таблички, бесплатен јавен превоз во случај на голема загедност на воздухот. Според Најдовски, целта е да дизелот исчезне од јавниот градски превоз и целокупната возна флота на Париз до 2015 година.  „Нови трамваи, ограничување на брзината на движењето, проект на автобуси со високо ниво на услуги (ТЗЕН), сите овие ангажирања, треба да му дозволат на Париз, целосно да се вклучи во планетарната борба против емисијата на гасови со ефект на стаклена гардија“ – се вели во соопштението до јавноста на Кристоф Најдовски.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина