Во петокот гласаа, денеска пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на обвинителна клупа
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018 08:45
Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов - сега веќе исклучените пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во петокот гласаа за одобрување на отворањето на уставните амандмани во драматична собраниска седница, а веќе денеска повторно седнуваат на обвинителна клупа за настаните на 27 април лани кога ги отворија портите на законодавниот дом за да може толпата да влезе внатре.
Во меѓувреме, како што најави премиерот Зоран Заев, ќе започне институционализирањето на националното помирување низ собраниските процедури, па се очекува на овие тројца пратеници од Охрид и Вевчани да им донесе олеснителни околности.
Во Кривичниот суд денеска предвидено е во судницата да се прегледуваат видеоснимките од собраниските камери направени на 27 април. На минатото рочиште на 17 октомври беше испитуван загрозениот сведок С1, кој околу три часа сведочеше пред обвинителството, а останатите речиси шест часа одговараше на вкрстените прашања на одбраната. Јавноста беше исклучена од сведочењето на загрозенот сведок, а обвинетите ги застапуваа и бранителите по службена должност и нивните адвокати кои беа казнети со по 1.000 евра поради непочитување на судот.
На обвинителната клупа се уште и Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко
Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски,
Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими,
Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан
Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан
Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски,
Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков,
Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар ВасилевскиНинџа
и Митре Питроповски.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




