Почнуваат уписите за средно образование, обезебедени се 34.971 места
Објавено во: Мои пари 22 Јуни, 2013 15:00
Во понеделник и во вторник почнуваат уписите за задолжителното средно образование, идните средношколци треба да почнат да се приготвуваат.
Вкупно 34.971 место е обезбедено за упис во јавните средни училишта во учебната 2013/2014 година, кој почнува во понеделник. Од посочените места 22.694 се за стручно образование. 11.597 во гимназиско, 408 во уметничко образование и 272 ученички места во спортска гимназија. соопшти денеска на прес-конференција министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Тој прецизира дека, според јазикот на кој ќе се изведува наставата 24.029 слободни места се обезбедени за учениците на македонски наставен јазик, 10.092 места за наставен албански јазик, за турски јазик 816, а 34 места за учениците кои ја следат наставата на српски јазик.
Министерот Ристовски посочи дека оваа учебна година по првпат ќе може да се запишат ученици во новото средно училиште „Илинден“ во општина Илинден и тоа во две паралелки од електротехничка струка.
-Важно е да се напомене дека оваа година по првпат се воведуваат и нови образовни профили во три струки, мултимедиски дизајнер во државното средно уметничко училиште за примената уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, угостителски техничар од угостителско-туристичка струка во СУГС „Лазар Танев“ во Скопје и во СУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид, како и техничар за логистика и осигурување од сообраќајна струка во АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, подвлече Ристовски.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во два уписни рока, јунски рок со две пријавувања и августовски рок со едно пријавување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





