Во повеќе европски земји на сила е полициски час
Објавено во: Свет, Корона Вирус 08 Март, 2021
Во повеќе европски земји на сила е полициски час. Полицискиот час до мај ќе трае во Шпанија, Португалија и Бегија.
Во Словачка до 19 март ќе важи полицискиот час во текот на ноќните часови. Мерката е донесена како резултат на рекордно високата смртност во последните 14 дена во Европа. Полициски час се уште има и во Франција, а мерките се особено строги на ривиерата. Во Холандија од први март средношколците почнаа да одат на настава во определени денови од неделата. Но, ноќниот полициски час, кој предизвика немири и протести, останува во сила до 15-ти овој месец. Во Италија полицискиот час трае од 22 до 5 часот наутро. Забрането е патување меѓу регионите, но во некои училишта почнаа да се враќаат учениците.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.