Во Прилеп интензивно се исплаќаат субвенциите за тутунот
Објавено во: Агробизнис 20 Март, 2013
Државата до крајот на неделава треба да исплати преку 26 милиони евра субвенции за тутунот од ланската реколта од кои над 12 милиони за тутунарите од Прилепско. Во Прилеп интензивно се исплаќаат субвенциите, а тутунарите од изутрината чекаат трпеливо пред филијалата на Тутунска банка.
- На сметките на тутунарите се субвенциите за тутунот кои тие го предале во пет компании, а уште од вчера се обработуваат податоците за три компании- Прилепскиот тутунски комибинат, Центротабак од Велес и за Далија од Делчево. Се очекува во текот на денешниот ден да се средат формалностите и тутунарите да ги имаат парите на сметките, изјави Данчо Милески, претседател на Соузот на тутунските здруженија на Македонија.
Тутунарите нагласуваат дека парите од државната поддршка навреме пристигнуваат зашто почнаа подготовките за новата реколта и има трошоци за расадопроизводството, орањето на површините и за ѓубривото.
- Моето семејство живее од тутунопроизводството. Имав три тони, родот беше квалитетен и сега ќе подигнам 3.000 евра субвенции. Посеани се веќе леите за новата реколта и мислам да ги зголемам површините за 20-ина проценти, изјави Тони Аљакоски, тутунопроизводител од прилепското село мало Коњари.
Според Сојузот на тутунските здруженија, државното субвенционирање е главна поддршка за тутунопроизводството.
- Ориенталните типови тутун се бараат на светскиот пазар. Националната програма за поддршка на родот е добродојдена, а годинава се очекува зголемување на родот иако ланскиот беше поголем од очекувањата и достигна до 27.000 тони. Во подрачната единица на Министерството за земјоделство се издаваат бели картони како лиценци за новиот род. Досега се издадени преку 11.000 а се очекува бројката да стигне до 13.000 картони, посочи Милески.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.