Во Прилеп издадени 11.600 бели картони за новата реколта тутун
Објавено во: Агробизнис 19 Април, 2013
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп, надлежна и за општините Кривогаштани и Долнени, за новата реколта тутун издадени се 11.600 бели картони како лиценци за производството, што е за 2.000 повеќе од лани.
Оттаму велат дека се зголемуваат и површините под тутун и интересот за оваа индустриска култура. Во ек е расадопроизводството за потоа тутунарите да ги подготват површините кои ќе бидат засадени.
Од Сојузот на тутунските здруженија потврдуваат дека новата реколта ќе биде поголема за преку 20 отсто од ланската, која достигна околу 27.000 тони.
- Добрата просечна откупна цена, државните сигурни субвенции од 60 денари за килограм откупен тутун и побарувачката на ориенталните тутуни на светскиот пазар се главниот стимул оваа извозна индустриска култура да се зацврсти на прилепските и македонски ниви, изјави Данчо Милески, претседател на Сојузот.
Тој посочи дека до крајот на месецов треба да заврши и склучувањето договори со откупувачите и додаде дека е битно да се зголеми и осигурувањето на родот од непогоди што ќе ги заштити тутунарите од ризиците.
Во Прилепскиот тутунски комбинат досега се склучени околу 3.500 договори што е на ланското ниво. Од Комбинатот истакнуваат дека има зголемување и на цените по класи за десетина отсто. Така е и кај останатите откупни компании.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.