05 Декември, 2025
0.0623

Во продажба дигиталните приемници

Објавено во: Мои пари 29 Април, 2013 15:15

Добивај вести на Viber

Дигиталните приемници (сет оп бокс) кои од први јуни ќе бидат задолжителни за да можете да имате дигитален прием на вашиот телевизор од денеска се во продажба во сите продажни места на ОНЕ по цена од 990 денари.
Преку уредот на ОНЕ, корисниците ќе можат да ги следат сите домашни канали кои се емитуваат дигитално, односно: каналите на МРТВ (МТВ1, МТВ2, МТВ3), домашните национални канали (во моментот, Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М), како и локалните канали кои во иднина ќе бидат емитувани.
Корисниците кои ќе набават дигитален приемник од ОНЕ ќе имаат можност, промотивно, бесплатно да ги гледаат сите канали на Боом ТВ, вклучувајќи ги и Пакет плус каналите во период од 30 дена од вклучувањето на уредот.
По истекот на промотивниот период, корисникот, во зависност од своите потреби, може да купи права за следење на некој од постоечките пакети на Боом ТВ  за наредни 30 дена и тоа: Регионален, Фамилѕ, Фун и Пакет плус, секој по цена од 199 денари.
ОНЕ беше избран на тендер да спроведе дигитализацијата на телевизискиот сигнал, која пак е меѓународна обврска што Македонија мора да ја заврши според Женевскиот договор од 2006 година за престанок на аналогниот сигнал до 2015 година. Конечното исклучување на аналогниот сигнал ќе се случи на 1 јуни 2013, а од тој датум во Македонија ќе се емитува дигитална телевизија.
Придобивките од дигитализацијата за граѓаните се: постојан квалитет на сигналот, избор на повеќе програми, можност за мобилен и преносен начин на прием и мали можности за рефлексија при репродукција.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј