23 Април, 2024
0.0373

Во просек околу 60.000 возрасни лица дневно користат јавен превоз бесплатно во вторник и петок

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Ученици, студенти, работници, скопјани, дојденци, пензионери секојдневно ги користат услугите за превоз на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Барем оние кои секојдневно се возат до саканата дестинација користејќи јавен превоз се сведоци на гужви во автобусите посебно во работните денови кога возрасните лица имаат право на бесплатен превоз.

Во вторник и петок просечно според податоците на ЈСП се возат од 56.000 до 73. 000 лица со право на бесплатен превоз дневно.

Од податоците кои ги доби Фактор од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје на 09 Јули, во вторник вкупно 58. 742 лица кои имаат право на бесплатно возење користеле јавен превоз. Додека на 05 јули годинава 54.047 возрасни лица се возеле бесплатно во автобусите на ЈСП.  На почетокот на месецов, на 02 јули, вторник 54.642 лица ги користеле превозните услиги за превоз на ЈСП, бесплатно.

Додека за време на учебната година, односно кога не е сезона на одмори возрасните лица со право на бесплатно возење во работните денови вторник или петок се возат во поголем број, покажуваат податоците на ЈСП. Од таму велат дека на 10 мај годинава, петок, вкупно 73.237 возрасни лица користеле јавен превоз. Додека на 23 април, вторник бројот на лица кои ги користеле превозните услуги на ЈСП со право на бесплатно возење бил 63. 504 патници.

Од претпријатието велат дека за време на работните денови, во тек на еден ден се превезуваат од 150.000 до 200.000 патници, а за време на викенд бројот на патници се намалува и во просек се возат од 100.000 до 150.000 патници.

ЈСП потенцира дека оваа бројка е просек на патници само кои ги користеле нивните превозни услуги, овој број на патници не ги вклучува патниците кои ги користат превозните услуги на приватните превозници. Што значи дека бројката на патници кои користат јавен превоз е поголем.

Фактор го праша Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и за билетот за еднодневно возење, а од таму велат дека допрва ќе се утврдува цената на билетот и ќе треба да се одобри од страна на Советот на Град Скопје.

„ Извесно е дека билетот ќе биде поскап од билетите кои сега се надополнуваат во т.н. паричник или се дел од пакетот билети за едно возење и слично.  Билетот за едно возење ќе може да се купи во билетарниците на ЈСП Скопје, на речиси 100 локации кои се дел од секундарната продажна мрежа, а наскоро ќе се одлучи и дали тој ќе се продава и во автобус“, се вели во одговорот на ЈСП за Фактор.

Инаку, поплаки од страна на патниците кон ЈСП имало од секаков вид. Патниците се жалеле на гласната музика, некои од нив се жалеле дека во автобусите е преладно, други пак дека возачите им затварале врата пред нос, но имало и поплаки од страна на патници за несоодветното однесување на контролори.

Н.М.


Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор