05 Декември, 2025
0.0454

Во првите месеци од 2013 ќе започне изградбата на гасоводната мрежа

Објавено во: Економија 18 Декември, 2012 12:15

Добивај вести на Viber

Во првиот квартал од наредната година ќе започнат градежните работи за изградба на гасоводната магистрална мрежа во Македонија, соопшти министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, вчера пред членовите на Владата на отворената седница.
-Пред три дена заврши мисијата од компанијата Стројтрансгас. Ги договоривме сите детали и останува уште едно отворено прашање кое тие треба да го надминат со нивното Министерство за финансии, кое очекуваме да биде затворено до крајот на оваа година. Очекуваме оваа година или на почетокот на наредната да добиеме и финансиска понуда. Значи реално би било, како што и претходно најавивме, во првиот квартал од наредната година да започнат градежните работи за изградба на гасоводната магистрална мрежа од Клечовце се’ до ТЕЦ Неготино“, изјави Јанакиески.
 Министерот информираше дека речиси 90 отсто од експропријацијата е завршена.
-Очекувам во декември целосно да завршиме со експропријацијата, а тоа е основ и да се издаде одобрение за градење. Наша обврска кон Руската федерација е да ги обезбедиме сите документи до одобрение за градење“, рече Јанакиески.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката