05 Декември, 2025
0.1739

„ВО РЕАЛНИОТ ЖИВОТ ПЛАТИТЕ НЕ ГО СЛЕДАТ РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ“: Левица тврди дека третина од работниците да се под прагот на сиромаштија

Објавено во: Економија 31 Август, 2025 11:17

Добивај вести на Viber

Тврдењето дека „растот на реалната плата“ е двојно зголемен за една година владеење на ДПМНЕ, а инфлацијата е „стабилизирана“ како што изнесува на прес-конференции пратенкот Бојан Стојаноски, е политичка манипулација и целосно игнорирање на реалноста во која живеат над половина милион работници во Македонија.

Ова го посочуваат од опозициската Левица во соопштението испратено до медиумите. 

Тие истакнуваат дека владејачката ДПМНЕ ја користи тезата за растот на реалната плата од 6,7 отсто како доказ дека наводно народот живее подобро, но потоа потенцираат дека „прашањето е кој народ?“. 

- Во мај 2025 година од 509.960 работници кои имале исплатена нето плата дури 374.045 работници или 73,3 отсто добиваат плата под просечната. 169.082 работници односно 33,1 процент преживуваат со плата под 30.000 денари - сума која е двојно пониска од синдикалната минимална кошница, која во август 2025 достигна 65.507 денари.

Ако растот на реалната плата е толку висок, како е можно една третина од работниците да се под прагот на сиромаштија? Овој парадокс ја разобличува суштината и го истакнува фактот дека растот на реалната плата во статистиките на ДПМНЕ не го чувствуваат мнозинството граѓани - напоменуваат од Левица во соопштението. 

Потоа укажаа дека власта манипулативно се повикува на просечна инфлација од 3,6 проценти за периодот јули 2024 - јули 2025, но укажуваат дека оваа бројка е вештачки измазнета и ги прикрива реалните поскапувања на храната, енергенсите и кириите во последните кои во пет години се зголемени за 30-40 отсто. 

- Во реалниот живот, платите не го следат растот на цените, а работничките семејства се соочуваат со економска состојба потешка од кога било. „Стабилизирана инфлација“ постои само на хартија, додека секојдневието на народот е бележано со постојана неизвесност, долгови и осиромашување.

Левица инсистира на итни мерки за заштита на граѓаните: ефективна контрола на цените на основните продукти, зголемување на минималната плата на 500 евра, унапредување на социјалните мерки, транспарентност во монетарната и фискалната политика како и пристапување кон прогресивен и фер даночен систем - укажуваат од партијата. 

Потоа велат дека „економската политика на ДПМНЕ е политика на одбрана на привилегиите на малцинството наспроти интересите на мнозинството“.

- Наместо козметички статистички игри, потребни се итни мерки за заштита на граѓаните - ефективна контрола на цените на основните производи, зголемување на минималната плата на 500 евра, унапредување на социјалните механизми за заштита, целосна транспарентност во монетарната и фискалната политика - се потенцира на крајот од соопштението.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката