23 Ноември, 2024
0.0273

ВО РЕПЛЕК НЕ СЕ СМИРУВА: Ќе се избираат нови членови на Надзорен одбор, еве кој влегува

Објавено во: Економија 30 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Ново акционерско сосбрание и нов избор на членови на Надзорниот одбор на Реплек. Во компанијата која годинава ја зафатија големи промени - и акционерски и во менаџментот од септември и нови луѓе ќе треба да ја контролираат работата на тие од Управниот одбор. Еве кој се предложни како нови членови на Надзорниот одбор - Антонио Георгиевски, Славица Туџарова Трајковска, Петар Андреевски и Владимир Гашевски. Нивниот мандат ќе биде шест години и тоа сметано од денот на изборот, односно денот кога се одржува Акционерското собрание 22 септември. 

Реплек уште минатата недела извести дека ќе отповика актуелни членови на овој одбор и ним ќе им престане мандатот по собранието во септември. Ќе бидат сменети Томовски Александар кој е претседател на одборот,  Димовски Томислав,  Аврамовски Бојан и Јоксимовиќ Анастазија. 

Фактор веќе пишуваше дека на ова акционерско собрание ќе се дели и нова дивиденда. Имено по поделбата на дивидендата за лани, пари кои веќе легнаа на сметките на сите акционери во јуни, компанијата извести дека годинава ќе подели нова дивиденда. Ќе се исплатува од акумулираната добивка за минатата година, а на секој имател на обични акции ќе му се исплатува по нето износ од 918 денари по акција, односно бруто износ од 1.020 денари по акција. Вкупно, сите акционери ќе поделат 26.438.400 денари ( 430.000 евра). Ова е предлог одлука за закажаното Собрание на акционери кое треба да се одржи на 22 септември годинава, а ако се усвои, дивидендата ќе се дели по 7 октомври годинава.

„Последен ден на истргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува на 05 октомври 2021 година, односно за прв ден на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува 06 октомври 2021 година. Правото на акционерите за исплата на дивиденда ќе се утврди со пресек на евиденцијата во акционерска книга на ден 07 октомври 2021 година, стои во предлог одлуката.

Во компанијата годинава се случуваа и некои акционерски смени, а акции купуваше и познатиот бизнисмен, градежникот Зоран Азманов. Според последните податоци неговата фирма Настел повеќе не е меѓу акционерите кои имаат над пет отсто од сите акции со право на глас. Меѓу нив сега е Никола Туџаров синот на Иван Туџаров кој има 5,79 отсто од акциите, од кои повеќето ги доби како подарок од татко му кој патем си даде оставка од челната позиција на друшвото. Сестрата на Иван Туџаров, Славица Туџарова Трајковска поседува 11,57 проценти од друштвото. Ситко Антонио дооел има 6,10 отсто, додека 6,4 проценти се на Сава пензиски фонд. Двоецот односно браќата Пецовски, Душан и Владимир контролираат 17,71 процент од друштвото.

Во првиот наврат односно пролетоска раководството предложи да се дели годинава дел од добивката на друштвото како дивиденда, во нето износ од 2.153 денари по акција, а награда за раководниот тим од 13,7 милиони денари.

Висината на дивидендата тогаш беше причина за незадоволство на некои од акционерите кои пак на Акционерското собрание не го усвоија веднаш со потребниот број гласови Извештајот за работата на Управниот и Надзорниот одбор, по што настана турбуленција во односите и висеше позицијата на првите луѓе. На продолжението на Собранието, сепак, по некое време извештаите беа усвоени.

А.Т.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација