18 Декември, 2025
0.0592

ВО САБОТА ПОВТОРНО ДОАЃА СНЕГ: Нов ладен циклон во земјава, Попоски ги објави деталите

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2024 08:00

Добивај вести на Viber

Под влијание на нов ладен и влажен воздушен бран од север, поврзан со циклонската активност која ќе биде со центар над Средоземјето, во петок попладне и навечер најпрвин врнежите ќе бидат од дожд и локално ќе бидат пообилни, особено во сабота, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Поради продор на ладен воздушен бран од север, во сабота на 21 Декември ќе дува засилен ветер од северен правец, па така на повисоките места и на планините  ќе има врнежи од снег, каде на планините постојаната снежна покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места.

Исто така, во сабота на 21 Декември, поради споменатиот продор на значително поладен воздух од север, повремени врнежи од снег ќе има  и во повеќе пониски места (градови), особено во северните  и во западните предели, па токму во споменатите места можно е формирање на помала снежна покривка.

Во Скопје и околината за време на овој ладен и влажен бран од север, ќе има врнежи од дожд, а во сабота на 21 Декември на околните планини ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка. Услови за послаби врнежи од снег ќе има  и во повисоките предели од котлината, а не се исклучува можноста по некоја снегулка да се појави и во делови од пониските предели од котлината. Сето ова исто така  и во Скопскиот регион ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец.

Температурите во сабота значително ќе опаднат и преку денот ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 8 степени, во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 4 степени“, вели Попоски.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми