Во Сараево веќе нема место за прием на починати од коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 19 Март, 2021
Во босанскиот главен град Сараево веќе нема место за прием на починати пациенти.
Третиот бран на коронавирусoт „коси“ во БиХ. Бројот на починати од последиците од инфекцијата во Сараевскиот кантон е најалармантен од почетокот на пандемијата, а за тоа сведочат и бројките од „Покоп“.
„Штом се зголеми бројот на заразени лица, бројот на смртни случаи веднаш се зголемува. Од почетокот на оваа година до денес, просечниот број на смртни случаи е 14,9. Последните денови, тој број се зголеми, со денес, од почетокот на оваа година, 466 лица починаа како последица на коронавирус во Сараевскиот кантон“, изјави извршниот директор за погребни активности и технички работи на КЈКП „Покоп“ доо Сараево Асмир Хоџиќ, пренесува Аваз.
Капацитетите се исполнети подолго време, со оглед на тоа што мртовечницата има мал и ограничен број места. Сараево го доби епитетот Бергамо. Во БиХ досега од коронавирусот починаа над 5.700 луѓе. Регистрирани се повеќе од 150.000 ковид случаи во земјата. Од СЗО се загрижени за состојбата со коронавирусот на Балканот.
foto Avaz.ba
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.