Во седум градови нема заболени од коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Јуни, 2021
Во седум градови во земјава нема заболени од коронавирусот. Расте бројот на општини каде нема активни случаи.
Во Кавадарци, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран немаат заболени.
Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи, има 30 оздравени и 2 починати.
Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.
Министерот за здравство, Венко Филипче очекува дека ќе имаме мирно лето.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.