05 Декември, 2025
0.2419

Во Штип се формира ново јавно претпријатие за гасификација

Објавено во: Економија 17 Декември, 2012 19:21

Добивај вести на Viber

Постапката за формирање ново јавно претпријатие, кое ќе биде одговорно за гасификација на градот и индустриската зона почна во Штип. Претседателот на Комисијата за урбанизам при Советот на Општина Штип, Бојан Кереместевски рече дека од денеска стартува процедурата на создавање на ЈП „ Енерго-Штип“, а во кое за почеток ќе има двајца вработени. - Ова јавно претпријатие ќе биде со управувачки орган, односно со управен и надзорен одбор. Висината за влогот е 5. 000 евра кои се обезбедени од буџетот на Општина Штип, а првичната сума за формирање на оваа јавно претпријатие е 900.000 денари. Функцијата на ЈП „Енерго–Штип му е приклучување на гасоводот, рече Керемествевски. Градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов рече дека донесувањето на Предлог-одлуката за формирање на ЈП „Енерго-Штип од страна на советниците во Советот на Општина Штип ќе биде една од најзначајните точки и тоа на последната седница. -Вработените во ЈП „Енерго-Штип“ на самиот почеток ќе имаат за задача да ги подготват сите студии, материјали и да ги направи сите анализи за трасите на гасот каде би можел да поминува. Потоа која би била влезнатата цена на гасот, рече Алексов.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката