Во Шведска живеат најмалку сиромашни луѓе
Објавено во: Свет 04 Март, 2013 13:29
Шведска, заедно со Луксембург, има најмал број сериозно сиромашни граѓани во рамки на целата ЕУ. Нешто повеќе од 1 процент живеат во Шведска, според дефиницијата на ЕУ, како сериозно сиромашни, во споредба со ЕУ-просекот од 9 проценти, се наведува во соопштението до медиумите на шведското Централно статистичко биро.
Литванија и Бугарија соопштиле дека имаат најголем дел сиромашни - 31 односно 44 проценти, додека трета по ред сиромашна членка на ЕУ е Романија.
Бројот на сиромашни луѓе во Шведска е константен во последните години, а во земјите кои се под влијание на економската криза, сиромаштијата се продлабочува, меѓу другото во Грција, Италија, Бугарија и балтичките земји.
Дефиницијата на ЕУ за сериозна материјална сиромаштија се базира врз недостиг на средства за најмлаку четири од девет нешта на списокот.
Меѓу другото се мисли на неможност да се платат неочекувани и непредвидени издатоци, да не може да се патува на одмор една недела годишно, или доколку е присутен недостиг од највообичаените капитални стоки. Освен тоа сиромаштијата се поврзува и со неможноста да се има оброк со месо, пилешко, риба или вегетаријанска алтернатива секој втор ден, и доколку не може да се задоволи потребата од затоплување на домовите.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




