Во Скопје одржана регионалната ESG конференција на АмЧам: „Градење отпорност во свет што се менува“
Објавено во: Мои пари 04 Јуни, 2025 15:06
Под мотото „Градење отпорност во свет што се менува“, денес во Скопје се одржа регионалната ESG конференција посветена на стандардите за животна средина, општествени прашања и корпоративно управување (ESG), организирана од Американските стопански комори (АмЧам) од Северна Македонија и Србија, во соработка со АмЧам Албанија и Косово, а со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и кофинансирање од Европската унија.
Со оваа конференција, АмЧам заедницата од четирите земји ја поставува основата за понатамошна регионална соработка во областа на ESG и придонесува кон зајакнување на долгорочната конкурентност на Западен Балкан, преку споделување добри практики и заеднички пристапи кон одржливото управување.

Настанот беше отворен од Живко Мукаетов, член на Управниот одбор на АмЧам Северна Македонија, и Фатих Туркменоглу, шеф на канцеларијата на ЕБОР во Скопје, кои го нагласија значењето на ESG-пристапот за градење долгорочна корпоративна отпорност.

Конференцијата започна со сесија составена од три презентации кои се осврнаа на трите суштински аспекти на “ESG”, односно животната средина, општествените прашања и управувањето (Environment, Society, Governance).
Прв настапи д-р Себастијан Данет од Програмата за животна средина на ОН (UNEP), кој зборуваше за тоа како компаниите можат да ги проценат и управуваат еколошките ризици, да го интегрираат биодиверзитетот во своите стратегии и да придонесат за обновување на екосистемите како дел од својата долгорочна вредност.

По него следуваше излагањето на д-р Дејан Валентинчиќ од Американско-словенечката образовна фондација, кој се осврна на одливот на човечки капитал од регионот и потенцираше дека компаниите мора проактивно да ги адресираат социјалните последици преку одговорни HR-стратегии и инвестирање во луѓето.
Третиот главен говорник, г-ѓа Катја Бехтел, советник за деловен интегритет, нагласи дека борбата против корупцијата, транспарентноста и етичкото лидерство се клучни за зајакнување на довербата на инвеститорите и намалување на ризиците во сложениот геополитички контекст.

Конференцијата продолжи со серија панел-дискусии посветени на: ESG во регулаторниот контекст на ЕУ, ESG-лидерство и еколошка транзиција, улогата на бизнисите во градење на силни заедници, враќање на довербата преку одговорно корпоративно управување и улогата на финансиските институции во поддршката на одржливи практики и декарбонизација.
Конференциите на АмЧам посветени на ЕСГ-стандардите продолжуваат да служат како платформа за поврзување на релевантните национални и регионални чинители, директно поддржувајќи ја пошироката агенда на АмЧам за периодот 2024–2028 година која дефинира конкретни цели поврзани со зелената транзиција, развојот на човечките ресурси и економската интеграција.

ПР објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија
„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците
ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“
Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол
КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона
Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот
„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“




