Во Слупчане сами сакале да ја вратат струјата и насилно отвориле објект на ЕВН
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2023 10:35
Поради дефектот што го предизвикале жители на Слупчане од прекумерно крадење на електрична енергија, во селата Оризаре, Ваксинце и Лојане денес нема струја. Од ЕВН денеска потврдија дека како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на кумановско Слупчане, во селото има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради дефект на среднонапонската мрежа.
„Поради контуинирано неовластено користење на електрична енергија од страна на мештаните на село Слупчане, се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти. Екипите на Електродистрибуција постојано се соочуват со попречување во извршување на законските обврски, се соочуваат со закани и им се забранува пристап до енергетските објекти. Со ова, во целост се оневозможува нормалното функционирање и работење. Сѐ додека нема цврсти гаранции и услови за работа и нормално функционирање поради наведените причини, нема да постои можност за санација на дефектот”, образложи Електродистрибуција.Синожа жители на Слупчане насилно и незаконски отвориле енергетски објект во сопственост на Електродистрибуција, во обид самите да го вратат напојувањето со струја во селото, по што предизвикале голем дефект, оставајќи ги соседните села без електрична енергија.
Мештаните синоќа со запалени гуми на патот го попречуваа влезот на селото, а од ЕВН додаваат дека нема да интервенираат се додека не се обезбедат сигурносни гаранции.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




