Во Собранието изгласан законот со кој ќе можеме да ја доведеме вакцината на „Фајзер“
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2021
Со 70 гласа „за“ од исто толку присутни пратеници, попладнево во Собранието беше изгласан предлог-законот за лекови и медицинските средства по скратена постапка со кој ќе се дозволи увоз на вакцини против Ковид-19, пред се оние на „Фајзер“.
Со ова законско решение ќе се овозможи издавање одобрение за ставање во промет на вакцини од подносителот на барањето кој нема седиште на територијата на Македонија. Пратеникот Антонио Милошоски рече дека оваа законска измена доцни 100 дена
- Од 15 октомври поминати се 100 дена. Ако започнеше на 24 декември, како што започна вакцинацијата во повечето земји,до денес ќе спасевме еден, два или десет човечки животи. Не сме емиграциска држава каде што можеме таа бројка да ја покриеме од 2.900 починати до денес. Претседателот Стево пендаровски рече дека сме мал пазар, но мал пазар се и Исланд и Малта, па таму има успешна вакцинација, рече Милошоски меѓудругото.
Бети Рабаџиевска Наумовска од владеачкото мнозинство рече дека оваа измена се прави поради тоа што компаниите производители на вакцината не сакаат да прават договори со локалните компании, туку смаите да аплицираат.
- Затоа тие ќе се набавуваат со интервентен увоз, а истите се проверени од своите национални институции од таму од каде што се произведуваат. Инаку лажна вест е дека до сега не можевме да ги добиеме оние 8.000 дози на „Фајзер“ од Србија поради тоа што не сме го довеле овој закон, туку е поради тоа што дозволата за таа колинина Србија треба да ја добие од „Фајзер“ за да ја препрати во други земји, рече Рабаџиевска Наумовска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.