Во солитер одгледува зеленчук и од тоа живее
Објавено во: Агробизнис 14 Јануари, 2019
Берба на домати пред солитер, одгледување на зеленчук во вода и сеење билки во кујна. Ова се светски трендови кои ги има и во Србија.
Јана Митровиќ (36) од Белград покажува со својот пример дека потребата за свеж зеленчук може да биде профитабилна работа.
Оваа мајка на три мали деца, во 2016 година ја напуштила работата на економист во една компанија, за да одгледува грашок, ротквици, рукола, цвекло, босилек, брокула.
Тоа го прави дома. Хобито и желбата да ги храни здраво децата, ја претворила во своја работа.
„Одлучив со ова за се занимавам, затоа што ова е добра приказна за ресторани. Здраво е, а процесот на одгледување е безбеден. Почнав со две полици со билки. На почетокот бев скептична, дали ќе сака некој тоа да го купи, но мојот сопруг веруваше дека тоа е вистинската работа“, вели таа.
Потоа одела по ресторани, оставала примероци за проба, делела флаери.
Работата ја почнала со шест или седум билки.
Оваа белграѓанка вели дека за почеток биле потребни 1.000 евра за семе, амбалажа, осветлување, но за два месеци овие пари се враќаат.
Раскажува дека млада билка има од 4 до 40 пати повеќе витамини од зрела билка, но луѓето уште не знаат за овие факти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.