Во Србија почина уште една трудница од корона, бебето е на респиратор
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 08 Октомври, 2021 21:03
Уште една трагедија ја потресе Србија.
Во Крагујевац денеска почина 36-годишната Ана П. од Врњачка Бања, трудница која била во осмиот месец од бременоста, јавуваат српските медиуми. Таа била примена во болница во Крагујевац во тешка состојба. Веднаш била приклучена на респиратор со карактеристични симптоми на ковид-19 и и е извршен царски рез. Бебето е спасено, но и тоа сега е на респиратор. Ана работела како градежен инженер во Врњачка Бања, не била вакцинирана и од короната добила тешки оштетувања на белите дробови. Покрај бебето, таа имала уште едно дете на возраст од една и пол година.
Пред неколку дена, во Ниш почина 20-годишна трудница од градот Књажевац. Во последните шест месеци, во Србија има седум починати трудници и родилки од коронавирусот.
Foto: Arhiva VN
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





