Во Србија почнаа со производство на руската вакцина Спутник
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 14 Април, 2021 18:55
Соседна Србија почна да ја произведува вакцината Спутник V.
Во институтот „Торлак“ почна производството на оваа вакцина, која ќе може да се извезува во соседството.
„РФПИ и Институтот за вирусологија, вакцини и серуми 'Торлак' објавуваат дека почна производството на руската вакцина против коронавирусот Спутник V во Србија. Со ова, Србија стана првата држава во Јужна Европа која ќе ја произведува Спутник V. Производтсвото во Србија е во склад со најстроги стандардни“, објави Рускиот фонд за директни инвестиции. Институтот „Торлак“ се наоѓа во главниот град Белград и е основан во 1927 година кога почнал со производство на Бесеже вакцината против туберкулоза.
Италија претходно постигна договор и од јули ќе почне со производство на вакцината. Во преговори за производство е и Германија, поточна покраината Баварија.
Србија треба да изгради и фабрика за производство на кинески вакцини. Во земјата бројот на нови заболени полека се намалува, и од 5.000 нови, сега паднаа под 4.000 случаи дневно.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





