Во Србија се бара затворање од седум до 10 дена
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 01 Март, 2021
Во Србија расте бројот новозаразени од коронавирусот, поради што се бара затворање од седум до 10 дена.
Поради растот на бројот новозаразени, Србија викендов ги затвори трговските центри порано. Според последните податоци, починале уште 16 пациенти со Ковид-19, а вкупниот број жртви досега изнесува 4.398. За денеска тестирани се 15.074, а потврдени се 3.588 случаи на зараза. Во болница се лекуваат 3.832 пациенти, а на респиратор се 153. Од почетокот на пандемијата во Србија од Ковид-19 потврдени се 449.901 случаи на инфекција. За Копаоник се смета дека е жариште на коронавирусот. Нов контингент од 58,500 дози вакцини на „Фајзер-Бионтек“ пристигна во Србија, што преставува досега најголемата единечна испорака на вакцините на ова акомпанија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.