06 Декември, 2025
0.2761

Во Струмица се отвори почесен конзулат на Хрватска

Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2013 19:36

Добивај вести на Viber

Струмица и Хрватска имаат долго пријателство и успешна соработка кои претставуваат силен потенцијал за надоградување во наредниот период. Така, накратко, може да се опишат пораките на двете страни на средбата на делегациите на Република Хрватска предводена од заменик министерот за надворешни работи и европски прашања, Јошко Клисовиќ и општина Струмица предводена од градоначалникот, Зоран Заев. На средбата која во кабинетот на градоначалникот Заев, членовите   на делегациите разговараа на актуелни теми, за досегашната соработка и како таа понатаму да се проширува, а централна тема во разговорите беше отворањето на конзулатот на Република Хрватска во Струмица. „Радосни сме што на две недели пред рамноправното членство на Република Хрватска во ЕУ, заменик министерот ја посети нашата Струмица, ни направија голема чест и секако сме среќни и ние,  бидејќи ќе имаме еден пријател повеќе во европското семејство кон кое и ние се стремиме. Исто така, оваа средба ја искористивме и на заменик министерот му ги претставивме сите наши предности како општина, како општество, нашето богато земјоделско производство, нашите потенцијали и сме среќни што целото министерство се понуди да ни помогне во делот на привлекување на странски инвестиции, но и во унапредувањето на економските соработки кои постојат меѓу нашите, струмички, македонски и хрватските фирми, така што пријателството само ќе го надоградуваме, а при тоа, тука на помош ќе го имаме конзулатот на Република Хрватска, кој од денеска  го краси  градското корзо во Струмица“, изјави Заев. И за Клисовиќ, големиот потенцијал на Струмица е причината поради која тука е отворено дипломатското претставништво. „ Препознавме голем потенцијал за соработка помеѓу овој, струмичкиот крај и Република Хрватска и затоа го отворивме конзулатот тука. Покрај потенцијалот, тука има и добра волја. Колку што јас разбрав, тука невработеноста е помала во однос на другите краеви во Македонија, тука стопанството е се посилно. Хрватските стопанственици ги препознаа инвестициските можности на Струмица и доаѓаат во овој крај и ја поздравувам оваа соработка“, рече Клисовиќ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј