Во судар на мотор и „пежо“ две момчиња повредени во Ново Лисиче
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016
Две момчиња се повредени во тешка сообраќајка која што се случила попладнево во 15 часот и 10 минути во населбата Ново Лисиче на булеварот Видое Смилевски Бато. при што се судриле мотор и автомобил марка Пежо 306.
Повредени се 19-годишниот возач на моторот и неговиот сопатник на возраст од околу 20-тина година. Двајцата со возило на брзата помош се префрлени на ургентнен центар на клиника.