17 Мај, 2024
0.0292

Во Свети Николе се гради социјална зграда по период од 30 години

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Во Свети Николе почна изградба на социјална зграда во која ќе можат да се вселат 48 семејства од социјално ранливите категории.Според Генералниот директор за АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката Кристијан Трајковски, становите се со површина од 34 до 46 метри квадратни. 

„Друштвото останува силно посветено на процесот на реализирање на програмата за изградба на објекти од овој тип кои треба да обезбедат покрив над глава на најсиромашните семејства’’- посочи Трајковски. 

Според него, во наредниот период  ќе почне изградба на социјална зграда во Виница, старт на градежни активности ќе има и во скопската општина Бутел каде ќе можат да се вселат 312 смејства од социјално ранливите категории, а до крајот на месец мај се очекува да бидат завршени уште 7 набавки.

„ Во период од година, година ипол ќе почне изградбата на 13 станбени единици со оваа намена’’, информираше Трајковски. Вкупната инвестиција за изградба на социјални згради низ државата изнесува околу 10 милиони евра.

Според министерот за транспорт и врски Горан  Сугарески, владата останува силно фокусирана во делот што значи изградба на социјални станови, во смисла на помагање на социјално ранливите категории.„Ние тоа го релизираме во континуитет, тоа го покажавме и минатата година. Имаме сериозна, силна пресвртница во делот на она што до пред неколку неколку години се правеше и она што е сега владина политика’’, рече Сугарески.

Градоначалникот на Свети Николе истакна дека по период од 3 децении се гради социјална зграда во градот. Рокот за изградба на објектот е 18 месеци, но плановите се сите градежни активности да завршат и порано.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци