Во светот војска се служи со години, а за избегнување на обврската следи затвор
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2023
Војната во Украина натера многу земји да размислуваат за воената сремност на своето население.
Јужна Кореја има задолжителна регрутација за сите работоспособни мажи во период од 18 месеци до 21 месец, во зависност од работното место. На некои спортисти и уметници им е дозволено целосно да го одложат или да се откажат од воениот рок.
Во Турција, новите закони воведени во 2019 година декретираа дека наместо задолжителната шестмесечна воена обука, регрутите можат да одработат еден месец и да ги откупат преостанатите пет месеци за такса од 31.000 турски лири (1.651 американски долари). Нивото на високо образование на регрутите може да влијае на видот и должината на нивното работно место.
Во Еритреја, секој што ќе избегне или ќе се обиде да ја избегне задолжителната воена служба може да добие казна затвор од една до три години.
Тајван ќе го продолжи задолжителниот воен рок во 2024 година од четири месеци на една година, бидејќи тензиите со Кина продолжуваат.
Регрутите ќе добијат и повисока месечна стипендија, која ќе скокне од 6.500 нови тајвански долари (211 американски долари) на 26.307 нови тајвански долари(856 американски долари), што е приближно слично на минималната плата.
Северна Кореја има сосема различна политика од било која друга земја во светот кога станува збор за задолжителниот воен рок. „Гардијан“ во 2015 година објави дека за мажите во Северна Кореја задолжителниот воен рок трае 10 години, а 7 за жените, додека „Индиан Експрес“ ги става бројките малку пониски, односно до 8 години за мажи и 5 за жени.
Израел има прилично долги и ригорозни воени рокови. Повеќето израелски мажи на возраст над 18 години мора да служат во израелските одбранбени сили 32 месеци, а жените 24 месеци, стои на страната на ИДФ.
Во Египет, воената обврска е задолжителна за мажите помеѓу 18 и 30 години и трае до 36 месеци.
Откако почна војната во Украина, кај Полјаците порасна интересот за воена обука.
foto EPA-EFE/VASSIL DONEV
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.