20 Декември, 2025
0.0585

ВО ТЕАРЦЕ ЌЕ СЕ КРШАТ КОПЈАТА: Можно ли е ова прегласување да го смени изборниот резултат и мандати?

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2016 19:43

Добивај вести на Viber

Како што соопштивме во Теарце според последната и конечна одлука на Управен суд ќе има прегласување. Судот ја прифати тужбата на СДСМ при што реши дека е недозволиво да недостасува доверлив материјал, во случајов Записникот 15.

Избирачкиот одбор на тоа гласачко место ја известил Општинската комисија дека од кочанот е откинато гласачко ливче заедно со серискиот број а записникот е доказ од кој единствено може да се утврди во каква состојба бил изборниот материјал пред почетокот на гласањето, се вели во образложението на Одлуката. 

Според Управниот суд, спротивно на Изборниот законик е и носењето на одлуката на ДИК со 4 гласа за, 4 против и еден отсутен. Не е дозволено гласање со „воздржан“, велат од Судот. Напуштањето на седницата од страна на членот Субхи Јакупи е недозволиво, а неговиот глас треба да се брои како глас „против“, образложуваат управните судии. 

МОЖЕН ПРЕСВРТ ВО РАСПРЕДЕЛБАТА НА МАНДАТИ

Симулациите покажуваат дека во шестата изборна единица најмногу мандати добила партијата на Али Ахмети или вкупно 6, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата добиле 4 мандати, БЕСА и СДСМ по три мандати, додека Алијанса за Албанците и ДПА добиле по 2 мандати.

Ако се земе предвид дека Теарце е во изборната едница шест каде што разликата во гласови меѓу двете политички ривали се кршат копјата за изборните мандати е само 307 гласа можно е ова прегласување да донесе пресврт во бројките и да се смени распределбата на мандатите.

Колку ова би се случило ќе видиме од последниот изборен исход на тоа изборно место каде што во недела на 25 декември ќе има прегласување.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки