05 Декември, 2025
0.0298

Во тек е жетвата на јачменот и пченицата низ Македонија

Објавено во: Агробизнис 30 Јуни, 2016 13:31

Добивај вести на Viber

Почна жетвата на житните култури низ Македонија.

Илија Србиновски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Битола вели дека жетвата се одвива непречено и според планираната динамика.

„Задоволни сме од досегашните приноси бидејќи тие се движат од 3 до 4 тона по хектар во зависност од локацијата на површините. Утре официјално почнува и жетвата на пченицата и ќе се жнее на повисоките, ридни површини како што се атарот на селата Кременица, Живојно и Бач“ - вели Србиновски.

Во битолскиот дел на Пелагонија ожнеани се 2.500 хектари под јачмен, а тоа е половина од годинешните посеви.

Жетвата на житните култури во кочанско е во полн ек.

“Жетвата на јачменот кој е застапен на површина од 230 ха е реализирана со 80 проценти при што се добиени приноси во рамки на очекувањата од 4.000 до 4500 килограми по хектар. Ова е мошне добра година за јачменот кој одлично роди“ - изјави Јордан Димитров, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

Тој објаснува дека жетвата на пченицата е веке започната и од насеаните 520 ха се ожнеани 20%. Приносите се движат од 5.000 до 6.000 килограми од хектар.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?