ВО ТЕСНО ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА: Чевларски фирми ќе бидат во мирување до февруари
Објавено во: Економија, Корона Вирус 09 Октомври, 2020
Неколку чевларски фирми од Куманово ќе бидат во мирување до февруари, затоа што пандемијата на коронавирусот им го попречи нормалното работење, нови нарачки нема од Италија, а неизвесноста дали ќе има нови рестрикции е дополнителен удар.
Голема загриженост има во секторот. Ако во текот на наредниот период се затворат продавниците и трговските центри, тоа ќе значи дека ниту во февруари нема да почнат со работа, туку периодот на мирување ќе продолжи уште 6 месеци. Во меѓувреме, работниците остануваат без ангажман. Tие ќе можат да искористат одредени права и да добиваат надомест преку Агенцијата за вработување.
„Сметајте дека една просечна шивална има по 30 луѓе, а неколку фирми веќе се во мирување. Ова ги загрижува и фирмите и работниците, затоа што имаат кредити, а за фирмите тие не се одложени. Ситуацијата е многу лоша, и државата тешко дека ќе може да ни помогне, освен преку картички за купување на домашни производи, затоа што претходно со нив се ублажи состојбата и младите со нив купуваа и чевли. Не знаеме како ќе се извлечеме од целата ситуација, но останува само да ја следиме состојбата и бројката на заболени“, вели Лидија Милановска, претседател на Здружението на чевлари.
Таа додава дека и оние компании кои работат за домашниот пазар се во криза, затоа што народот многу малку купува.
„Тешко им е и на оние кои работат домашно производство, затоа што наставата е онлајн, и децата не купуваат обувки за на училиште. Ако има физичко присуство, можеби работите малку ќе мрдат во позитивна насока. Ако се случи да се укине превозот пак, ние ќе мораме да ги возиме работниците. Мислам дека е најважно да проработи свеста кај луѓето, да држат дистанца и да носат маски, да ги почитуваат мерките“, рече Милановска
Оваа пролет многу чевларски работници останаа без работа. Дел добија откази, а дел и сами си заминаа од работа, од страв поради ширењето на вирусот, но и затоа што мораа да се грижат за децата додека градинките не работеа.
Во Македонија вчера со 364 позитивни е поставен „црн рекорд“.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.