Во три македонски града нема заразени со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Мај, 2021
Во три македонски града нема луѓе заразени со коронавирусот.
По Дојран и Демир Капија, сега и Дебар е без активни случаи на ковид, според најновиот извештај на Министерството за здравство објавен денеска. Во Пехчево има само 1, а во Берово, Валандово, Богданци, Македонски Брод има по 3 активни. Крива Паланка има 6, а Пробиштип 8 случаи. Македонска Каменица има 11, Кратово 14, Демир Хисар 16, а во Делчево има 24.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.
Скопје сега има 1.000 активни случаи на коронавирусот.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.