06 Октомври, 2024
0.0287

Во Владата кабаетлии, од фирмата тврдат дека се грижат за вработените!

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Веста за смртта на Верче Стојчевска, вработена во Дрекслмајер и натаму предизвикувапредизвика бурни реакции во јавноста. Информацијата за случајот ја обелоденија од невладината организација Цивил Медиа, од каде  излегоа со извештај во кој беа наведени сведочења не неколку вработени во истата компанија, кои посочиле дека во компанијата се работи во тешки услови и под притисок. По настанот се огласи и менаџментот на Дрекслмајер. Од компанијата велат дека здравјето на вработените има најголем приоритет во Групацијата Дрекслмајер, и дека токму затоа во секоја нивна фабрика во светот се воведени и се применуваат највисоки стандарди за заштита и безбедност при работа. Таков е случајот и со фабриката Дрекслмајер во Кавадарци, додаваат во соопштението. При тоа, потенцираат дека во рамки на фабриката се наоѓа амбуланта која е отворена 24 часа.  А ова, велат од компанијата е прв случај да изгубат вработен на овој начин. „Во вторникот на 16.06.2015 една од нашите вработени на кратко изгубила свест. Веднаш бил повикан медицинскиот персонал од амбулантата кој дошол на лице место. Истовремено е повикана и брзата помош од Кавадарци. Откако е дадена прва медицинска помош нашата колешка била пренесена во болница, а за целото време таа била придружувана од страна на нејзината претпоставена. За жал, нашата вработена починала следниот ден на клиниката во Скопје, како последица на мозочен удар, објаснуваат од Дрекслмајер. Софистициран облик на робовладетелство во Дрекслмајер Немаат камшик, но имаат софистициран облик на робовладетелство, бил заклучокот на еден одвработените во компанијата, кои разговарале со тимот од Цивил Медиа, кои пак го обелоденија последниот случајот. „Во вторникот, во фабриката почина В.С., мајка на две деца. Според нејзините колеги, таа била вредна и ценета работничка која чесно и совесно си ја вршела својата работа. Според наши извори, таа не била спречена да оди во амбулантата и да побара лекарска помош. Но, по барањето да повика такси и да замине од работа, од одговорното лице на смена, добила одговор - да поработи, можеби ќе ѝ помине. Набргу, В.С. паднала во бесознание, ја изнеле од халата, и и била укажана прва помош од медицинско лице. Работниците побарале некој од нив да биде со неа, но одговорното лице им наредило да продолжат со работа. Била повикана Итна помош, но набргу потоа, В.С. починала. Менаџментот не бил известен, бидејќи немало прекин на работата. Според нашиот извор, во прв план се производството и машините, а потоа, здравјето и безбедноста на работникот,е наведено во извештајот на Цивил Медиа. Владата е благонаклонета кон странските инвеститори на штета на рабтниците Од Движењето за социјална правда Ленка, велат дека работниците не уживаат доволно заштита на работно место, како Законот за безбедност и здравје при работа да не постои. „Фрапантно е што за последниот случај се молчеше и сме сигурни дека ако ДСП Ленка не ја разбрануваше јавноста, менаџментот немаше воопшто да се огласи за случајот и се` добро ќе се замаскираше. Имаме информација дека досега преку 30% од вработените кои проциркулирале во оваа фабрика ја напуштиле истата или добиле отказ. А тврдењето на управата е дека тие примарно се грижат за своите вработени. Каква е таа грижа ако го имаме во предвид овој податок? Да не заборавиме дека минатата година имаше колективни откази за работниците што организираа штрајк таму заради кршењето на нивните права од работен однос“, велат за Фактор, од Ленка. Граѓанските здруженија алармираат дека вината за состојбата е пред се кај Владата, која во обид да привлече странски инвеститори, таа им прогледува низ прсти за прекршувањата, особено врз работничките права. Од Ленка посочуват дека работничките права се особено на удар во странските директни инвестиции поради фактот дека власта е премногу благонаклонета кон нив и се труди со разно-разни олеснувања да ги привлече. „Странските инвеститори овде доаѓаат за профит, што од нивен аспект е сосема здраворазумско и она што ги привлекува овде се поволностите меѓу кои и ефтината работна рака, потребата од било каква работа поради степенот на сиромаштија и невработеност. Во еден ваков однос на сили, работниците имаат потешкотија да формираат и синдикат, па затоа и се случува тоа што се случува. Како и да е, ние сметаме дека права не се даваат, права се земаат. ДСП Ленка им стои на располагање на сите што ќе одлучат да се борат за своите права“, велат од Ленка. Од Владата вчера порачаа дека испратиле инсплекција во фирмата за да се испита случајот. СавевскиДа се засили синдикалното организирање Со сличен став е и Здравко Савевски од Солидарност. Балансот на силите помеѓу работниците и газдите во Македонија е целосно изместен во корист на газдите. „И тие тоа го злоупотребуваат не само на штета на животниот стандард на работниците, туку, често, и на штета на нивното здравје па и живот. Странските инвеститори, особено, ја искористија ситуацијата која за нив ја создаде Владата, само за таа да може да се пофали дека „привлекла“ странски инвестиции, да уживаат во исклучително многу поволности, вклучувајќи ја и таа да воведат засилена екплоатација на работниците при типично ниска плата за македонски услови“, вели Савевски. Според Савевски, она што е исклучително потребно во Дрекселмаер е да се формира синдикат од страна на самите работници со цел да се спротивстават на невидената експлоатација што им ја прави управата на Дрекселмаер. „Ако не се обидат да се спротивстават, положбата на работниците во Дрекселмаер нема да биде исто толку лоша, туку веројатно ќе стане и полоша“, додава Савевски. Од доаѓањето во Македонија, па се до последниот случај кој трагично заврши по животот на еден вработен, компанијата Дрекслмајер ја следат контроверзи во работењето. Се случуваа штрајкови, откази, работниците јавно говореа за лошите услови во ккои работат, за минимални плати. Токму и платите што ги даваат во оваа компанија беа на удар на јавноста со оглед на нивната висина. Од друга страна менаџментот порача дека мекедонските работници не може да ги очекуваат платите што компанијата ги дава во Германија. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта