ВО ВРЕМЕ КОГА КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРИ: Дали загадениот воздух го слабее имунитетот?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 31 Март, 2020
Во Македонија коронавирусот се шири, бројот на заразени расте, а воздухот е загаден, што негативно ќе се одрази на имунитетот.
Минатата недела Загреб беше најзагаден град во светот, а Белград и Скопје беа на 5-то место.
Мерните станици деновиве покажаа дека многу високо загаден воздух дишат велешани, а во Тетово, Кавадарци, Куманово и Битола воздухот е високо загаден. Во Дебар, Струмица, Кочани и Кичево, воздухот е за нијанса почист. Скопје на 30-ти март напладне беше 7-от најзагаден град во светот, на листата на air visual.
„Воздухот секако дека влијае за намалување на имунитетот кај луѓето, но во овој период луѓето се во своите домови, не се изложуваат многу на воздух. На имунитетот влијаат повеќе фактори, генетиката, исхраната, дали пијат лекови, антибиотици или не. Кај нас има луѓе кои пијат многу лекови и тоа доведува до послаб имунитет. Што се однесува до храната, луѓето треба да јадат повеќе овошје, зеленчук, храна која има витамини, пиперките на пример се богати со витамин Ц, но знаеме дека кај нас луѓето го купуваат она што е поевтино, и по некое време организмот ќе дојде во состојба да не може да се избори“, вели Гордана Митева, општ лекар.
Во Македонија веќе има неколку смртни случаи како последица на коронавирусот. Но, се очекува пикот да биде достигнат при крајот на април. Заразени има од повеќе градови, и од секакви возрасти, вклучувајќи и деца кои имаат по 2 и 4 години.
Загадувањето на воздухот предизвикува потешкотии и намалување на општиот имунитет на организмот на секој човек, а особено на луѓето кои имаат хронична болест и болест на органите за дишење.
Намалувањето на имунитетот и штетното дејство на загадениот воздух може да делува лошо и да ја зголеми шансата за заболување од грип, но и за појава на кое било друго респираторно заболување.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.