Во време кога земјата „врие на шестка“ претседателот Иванов оди на службен пат
Објавено во: Македонија 15 Март, 2017 09:28
Во време на институционална и политичка криза шефот на државата заминува на службен пат.
Претседателот Иванов во придружба на сопругата Маја замина за Азербејџан каде што ќе биде дел од Глобалниот форум „Иднина на меѓународните односи: моќ и интереси“ во Баку.
Иванов замина а мандатот си го однесе со себе. Тој реши да не му даде шанса на опозицискиот лидер да формира Влада, поради како што рече неотстранетите пречки или неоткажувањето на Заев од платформата која според Иванов е штетна за државата бидејќи ја загрозува унитарноста.
Опозицијата пак заедно со албанските партии деновиве имаше консултации за изборот на претседател на собранието.
Како што објавивме, Заев и Ахмети најверојатно ќе преминат на планот Б, односно ќе побараат од преседателот Трајко Вељаноски да го свика собранието и да ја продолжи конститутивната седница.
Дел од медиумите пренесоа дека откако ќе се врати од Азербејџан Иванов ќе оди за Австралија на среди со дијаспората.
Сега се поставува прашањето: Во длабока политичка криза, кој ќе ја превземе одговорноста во случај состојбата да ескалира?.
Можеби ќе ве интересира
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица




