05 Декември, 2025
0.0332

Во Вухан нема сообраќај освен амбулантни возила, во Пекинг совети луѓето да не се ракуваат

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2020 09:00

Добивај вести на Viber

Повеќе од 2.000 луѓе ширум светот се заразени со новиот вирус корона, а повеќето од нив се во Кина, каде досега починале 56 луѓе од вирусот, според најновите објавени податоци.

Кинескиот претседател Си Ксипинг изјави дека земјата се наоѓа во „тешка ситуација“ додека здравствените власти ширум светот се борат за да спречат пандемија.

Новиот вид вирус, за кој се верува дека се појавил кон крајот на минатата година и потекнува од рибниот пазар во централниот кинески град Вухан, каде диви животни биле нелегално продадени, се шири и во другите кинески градови, вклучително и Пекинг и Шангај, но и во други земји - САД, Тајланд , Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Франција и Канада, пренесува Ројтерс.

Кина денес потврди 1.975 случаи на пациенти заразени со новиот вирус, додека бројот на смртни случаи од вирусот се искачи на 56, објави државната телевизија ЦЦТВ.

Како дел од мерките за борба против ширењето на вирусот, во Вухан, град со население од 11 милиони луѓе, сообраќајот е во прекин, освен за амбулантните возила, а делумно затворање на сообраќајот се применува и во другите градови во тој кинески регион.

Здравствените власти во Пекинг ги повикаа луѓето да не се ракуваат при поздравувањето. Ширењето на вирусот ја засени Лунарната новогодишна прослава, а јавните настани беа откажани и се затворија многу туристички места.

Новооткриениот корона вирус, кој може да предизвика пневмонија со смртоносни последици, сè уште има многу непознатици - од тоа колку е опасно тоа колку лесно се пренесува од личност до личност.

Популарните забавни паркови во Хонг Конг - Дизниленд и паркот Ошини - се затворени денес за да се спречи ширењето на смртоносниот вирус корона што се појави во градот Вухан, јавуваат кинеските државни медиуми. Сепак, хотелите кои работат во рамките на хонконшкиот Дизниленд работат како и обично, 

Курир рс, фото EPA

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро